„Дишеме отров, а корумпираните инспектори доаѓаат на однапред договорени мерења“ – Кочани на протест – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/22 12:54 PM

„Дишеме отров, а корумпираните инспектори доаѓаат на однапред договорени мерења“ – Кочани на протест

По секојдневните собирања изминатата недела, оваа сабота кочанчани излегоа на протест против загадувањето, за кое според нив, одговорна е компанијата Пејпар Мил.

Како што рекоа говорниците, државните инспектори доаѓа на договорени мерења, додека граѓаните се оставени сами на себе.

-Не е проблем фирмата, туку институциите. Проблем е што имаме двајца пратеници, што не се тука со нас. Имаме градоначалник што не е тука со нас, да знаете дека сме сами. Не смееме да дозволиме да бидеме отровени, рече еден од граѓаните.

Пред насобраните, еден од говорниците даде ретроспектива на загадувањето во Кочани. Како што рече, од првите протести до сега, иако фабриката Пејпар Мил се тврдеше дека работи на еколошки подобрувања, дека се поставува филтер за прочистување на воздухот, но, пак се чади.

-Фабриката ноќно време и во викенд чади екстремни. Сето тоа пред очите на  корумпирани инспектори, кои се продаваат за ручек и резервоар гориво. Плаќаат скапи ПР агенции и огромни пари фрлаат за лажни вести. Се’ додека не протестираме, не реагираат. Рекоа ќе изградат пречистителна станица за отпадните води до март 2020 година. Водите ги испуштаат во нивите и реката, се наводнува оризот, нашето кочанско злато, рече говорникот.

Според насобраните, секојдневно се чувствува реата во воздухот, додека забележаа на државата што дала дозвола капацитетот да загадува до 150 микро честички на кубен метар, а нормално е 50. Дневно не смеат вредностите да надминуваат 150, а во Кочани, како што рекоа има и над 400, и тоа е екстремно загадување.

Компанијата Пејпар Мил издаде соопштение во четвртокот, во кое најавува Пејпар Мил најавува вкупна инвестиција од 4.600.000 евра во наредните две години со цел дуплирање на капацитетот на фабриката. Инвестициите главно ќе бидат во зголемување на капацитетите и унапредување на процесите.

-Во текот на 2021 година Пејпар Мил вложи повеќе од 55 илјади евра во поставување на вреќест филтер и околу 300.000 евра во последната фаза на изградбата на пречистителната станица на води. Од почетокот на своето работење од 2016 година вкупните инвестиции до сега изнесуваат над 9 милиони евра од кои близу половина милион евра се за заштита на животната средина, соопштуваат од Пејпер Мил.