По пауза од две години Струмица се врати на карневалското славење. Овие денови градот е жив и весел, речиси како никогаш во годината.
Карневалот почна завчера со официјално предавање на клучот, а вечерва во хотелот „Сириус“ е забавата под маски.
Погледнете дел од атмосферата и радоста на струмичани, кои мораа да чекаат две години, за да си ја продолжат традицијата.