Ова не е време за романси – Одложен вечерашниот концерт на руската романса во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/22 8:07 PM

Ова не е време за романси – Одложен вечерашниот концерт на руската романса во Скопје

Министерството за култура информира дека е одложен концертот на Руски романси, најавен за вечерва во фоајето на НОБ.

-Во договор со организаторот се одложува концертот. Последните вести од Украина го загрижуваат целото човештво. За никого ова не е време за романси. И уметноста е порака, затоа никој не смее да дозволи таа да биде извалкана. Убавите романси нека останат за подобри времиња, времиња во кои повторно ќе владее мирот, нема да има жртви и никој нема да се чувствува загрозен или под закана, велат од Министерство за култура.

Концертот  „Руски романси“  што требаше вечерва да се одржи во фоајето на НОБ е дел од активностите на Здружението на руски сонародници „Чајка“, кое веќе 8 години учествува во меѓународниот проект „Романсиада“ (Русија) и праќа млади македонски пејачи на натпреварот во Москва од каде што тие се враќаат со награди и признанија.

Натпреварот „Романсиада“ и програмата „Меѓународниот ден на Руска романса“ се под покровителство на УНЕСКО.

Поголемиот дел од руските романси, кои се однесуваат на 19 и почеток на 20 век, како и оние создадени во последниве неколку години (нови дела) се непознати на македонска публика.

Целиот настан ќе биде проследен со истории за композитори, автори на текстови, изведувачи и други интересни факти посветени на романса.

Автор на концептот, музички соработник и наратор (водител) – м-р Елена Сиљаноска, корепетитор во НОБ. Учесници – студенти од Музичките академии во Скопје и Штип, млади оперски пејачи.