Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги повика сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки на Украина, откако избувна пожар во комплексот на нуклеарната централа Запорожје по напад на руските сили.
– Ќе ја следиме ситуацијата и ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност, да избегнуваат ескалација и да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.
Zaporizhzhia NPP is under fire! The entire Europe is at risk of a repeat of the nuclear catastrophe. Russians must stop fire! pic.twitter.com/P46YxKZZ0W
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 4, 2022
Руските сили ноќеска го нападнаа комплексот на електраната Запорожје – најголемата нуклеарна електрана во Европа по што избувна пожар. Во меѓувреме тој е изгаснат, а украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека нема загинати и повредени.
– Нуклеарната централа Запорожје е окупирана од воените сили на Руската Федерација. Персоналот работи на своите работни места, оперативниот персонал ја контролира состојбата на енергетските единици и ја обезбедува нивната работа според барањата на технолошките прописи за безбедно работење, соопшти утрово Државен инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина (ДИАРУ).
Folks, PUTIN is a God Damn Mad Man!
There is an intense firefight happening right now, next to Europe's largest nuclear power plant #Zaporizhzhia the visible fighting is just 150 meters away from Power Plant Unit 1
We could have a #Chernobyl disaster number 2 on our hands folks! pic.twitter.com/fUe4vjIzCE— Todd M Sholtis 🇺🇸🇺🇦 (@tms007) March 4, 2022
За пожарот во Запожје украинскиот претседател Зеленски разговараше со канадскиот премиер Џастин Трудо и со вицепремиерката Кристија Фриленд.
Информацијата ја соопшти кабинетот на канадскиот премиер, јави агенцијата Укринформ.
Според соопштението, Зеленски изразил голема загриженост од потенцијални катастрофални последици по здравјето и безбедноста на Украинците и Европејците доколку итно не дојде до прекин на огнот во близина на нуклеарната централа. Трудо апелирал Русија веднаш да ги запре сите напаси во регионот, како и да се обврзе дека ќе продолжи да комуницира со партнерите и сојузниците.
Во соопштението се наведува дека се разговарало и за тоа како Канада може да ѝ помогне на Украина во блиска иднина. Трудо ги поздравил Украинците за нивната решителност против нелегалната и неоправдана инвазија.
МИА
фото: amazing-ukraine.info