(Видео) „Ова е многу болна работа“ – Мелинда за прв пат прозборе за разводот со Бил Гејтс – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/22 7:16 PM

(Видео) „Ова е многу болна работа“ – Мелинда за прв пат прозборе за разводот со Бил Гејтс

Мелинда Гејтс (57), поранешната сопруга на еден од најбогатите луѓе во светот, во интервју за американскиот CBC си ја отвори душата и за прв пат проговори за пропаѓањето на бракот кој траеше 27 години, но и за неверствата кои се обидела да му ги прости на сопругот.
„Дојде само моментот во кој се собра доволно што сфатив дека мојот брак не е здрав и не можев да верувам во она што го имаме ние двајцата“, вели таа.

Таа за прв пат јавно проговори за неверството на нејзиниот сопруг, која се случила на почетокот на 2000-тите. Парот бил во брак шест години, а Гејст започнал тајна врска со колешка од неговата компанија „Мајкрософт“. Јавноста за аферата дознала дури минатата година, но Мелинда знаела уште пред години.

„Штом довербата е скршена, дали може да се врати? Многу е тешко да се врати довербата, во која било врска“, рече таа.

Мелинда признала дека е „уништена од разделбата“, бидејќи во поголемиот дел од нивниот брак верувала дека врската ќе трае цел живот.

„Имаше многу солзи во текот на многу денови, мислам на деновите кога буквално лежев на подот на тепих мислејќи: „Како е тоа можно? Како да станам? Како ќе продолжам понатаму?“, откри таа.

Таа додаде дека имало денови кога била лута, но вели дека сето тоа било процес на тага.
„Тагувате поради загубата на нешто што мислевте дека го имате и ќе го имате до крајот на животот. Ова е болна работа. На крајот тргнав на патот на исцелување и се чувствувам како да почнувам да преминувам на другата страна. Се чувствувам како да вртам нова страница во моето поглавје сега. „Сега е 2022 година и навистина сум возбудена поради тоа што доаѓа и животот пред мене“, рече таа, се вели во текстот на Нова.рс.

Врската помеѓу Бил и Мелинда Гејтс започна како канцелариска љубовна врска – Бил и бил шеф, а Мелинда службеничка со која флертувал на конференцијата пред да ја покани да излезат. Набрзо се венчале, а за 27 години брак, парот добил три деца.

Во мај 2021 година, тие објавија дека се разведуваат. Како што наведуваат во заедничкото соопштение кое беше објавено на Твитер, одлуката е донесена „по многу размислување и работа на врската“. Тие додадоа дека „веќе не веруваат дека можат да растат заедно како пар во следната фаза од животот“.
Мелинда поднела барање за развод, а во барањето за развод нивниот брак бил опишан како „неповратно прекинат“. Не е познато колку пари добила со разводот, но „Форбс“ го процени нејзиното богатство во февруари 2022 година на 6,2 милијарди долари, што ја прави петта најбогата жена во светот. Од друга страна, нејзиниот поранешен сопруг „тежи“ 131,4 милијарди долари според истиот извор и е четвртиот најбогат човек на планетата.
Неверствата на Гејст

Откако беше објавено дека најбогатиот пар на светот се разведува, американските медиуми објавија за неверствата на основачот на „Мајкрософт“. „Њујорк тајмс“ напиша дека милијардерот ги прогонувал жените кои работеле за него, ги канел на вечери и ручеци, поради што Управниот одбор на компанијата започнал истрага за неговото однесување во 2019 година.

Гејтс не ги коментираше овие наводи, но призна дека ја изневерил сопругата. Во август 2021 година, откако беше реализиран разводот, тој откри дека жали што бил неверен во минатото, но дека е „подготвен да гргне понатаму од она што се случи во неговиот брак“.