Не сме само ние. И во Србија гужви на бензинските пумпи имало вчера попладне, а продолжиле и утрово ос зори.
Според читателите на Нова.рс, по шест часот наутро почнале да се создаваат редици на бензинските пумпи во Белград.
„Човекот пред мене наполни полн резервоар, а потоа два канистри. Веднаш, се разбира, ме фати гужва“, вели еден белграѓанец, кој им испратил и фотографија на Нова.рс од глетката од утринава.
Вакви сцени имало се повеќе низ целата земја, иако се чинело дека ситуацијата е смирена од синоќа.
Голем број граѓани на Србија синоќа отишле на бензински пумпи да полнат гориво во страв од евентуален недостиг. Како што било првично наведено, паниката била поради лажните вести на социјалните мрежи дека нема гориво, а некои бензински пумпи веќе почнале да ја ограничуваат количината на гориво што го продаваат.
Набрзо се формираа колони од автомобили, а на одредени пумпи беше забрането да се точат повеќе од 20 литри, а кај некои и не повеќе од 10 литри гориво.
Имаше и такви кои целата своја заштеда ја дадоа за гориво.
Фото: Нова.рс