Полицијата во Москва уапси две жени и пет деца кои сакале да положат цвеќе пред зградата на украинската амбасада во руската престолнина. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како децата во раце ги држат натписите „Не на војната“.
Деца на возраст од 7 до 11 години и нивните мајки биле набиени во полициско комбе пред да бидат одведени во полициска станица. Тие беа ослободени неколку часа подоцна, изјави антропологот Александра Аркипова, вработена во Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација, пренесува The Guardian. Приведени се жените Екатерина Завизион и Олга Алтер и децата Лиза (11), Гоша (11), Матвеј (9), Давид (7) и Софија (7).
Аркип вели дека полицијата наводно им се заканувала на мајките со одземање на старателството над пет деца. Ги чека судење и парична казна по обвиненијата кои се уште не се утврдени.
Родителите се во страв“, додаде антропологот.
Веб-страницата OVD-Info, која ги следи протестите и апсењата ширум Русија, објави дека децата помлади од 14 години не можат законски да бидат задржани повеќе од три часа.
извор: Jutarnji.hr
фото и видео: Alexandra Arkhipova/Facebook