Украинскиот претседател Володимир Зеленски во утринското обраќање им се обрати на цивилите кои во градовите протестираат против руските окупатори и им ги блокираат патиштата.
Зеленски посебно ги спомена граѓаните на Конотоп, Баштанка, Енерходар и Мелитопољ.
– Луѓето излегуваат пред непријателските возила, тоа е исклучително опасно, но и храбро. Тоа е и спас, рече Зеленски.
Тој изрази уверување дека руските трупи кои зазедоа неколку украински места нема да останат таму.
– Ќе ги избркаме и ќе ги посрамотиме, онака како што тоа го прават обичните луѓе кога ги бркаат окупаторите од продавници кога руската војска се обидува да најде храна. Ова не се војници на суперсила, туку звунети деца кои се искористени. Однесете ги дома. Украинци, секој окупатор треба да знае дека овде нема да добие ништо и нема да освојат никој. Дури и ако донесат повеќе опрема и повеќе луѓе, тоа ништо нема да смени. Каде и да дојдат ние ќе ги уништиме. Овде нема да имаат мир, ниту храна, рече Зеленски.
Во видео-обраќање Зеленски рече и дека одбранбените линии на Украина се задржуваат, но од ноќеска на полноќ без прекин руските сили ги гранатираат украинските градови.
извор:Н1