Украинскиот балетан Олекси Потиомкин е активно вклучен во одбраната на својата земја од руската инвазија.
Главниот танчер на Украинската национална опера со својата храброст ги инспирираше сонародниците кои ги споделуваат неговите фотографии во целосна воена готовност.
View this post on Instagram
Некогаш познат како принцот Зигфрид во Лебедово езеро, денес станува симбол на отпорот. Балетските хеланки ги заменил со маскирна униформа, а наместо партнерката кренал пушки во воздух.
View this post on Instagram
Потиомкин настапуваше во главни улоги во светскиот балет, а покрај Заспаната убавица, неговиот бакнеж ја освои и Јана Коршунова, исто така танчерка и директорка на школата за танц во Лавов. Со себе го има и синот Мишо, кој деновиве го носи во парк исклучиво вооружен до заби.
Фото: Инстаграм