Велешанецот Тодор Оцедов кој живееше и работеше во главниот град на Украина, Киев успеа да ја напушти земјата среде воената инвазија од Русија.
Своето драматично искуство го раскажа во видео кое го објави на својот Јутјуб канал, зборувајќи како луѓето се спасиле и тргнале кон граничниот премин помеѓу Украина и Полска.
Според него, најголемо разбирање за бегалците имале обичните луѓе, оние кои живееле во местата покрај кои водел патот до границата со Полска.
-Ни даваа вода, чај, кафе и храна. Немаа за себе ,а ни помагаа на нас. Тоа е за секоја почит, вели велешанецот.
Погледнете низ какви маки поминал Тодор Оцедов, додека да ја напушти Украина:
Во Киев се уште е велешанецот Игор Ангелов, со неговото семејство, сопругата и две годишната ќерка кој чека побезбеден коридор за да замине од Украина. Тој се наоѓа на десетина километри од првата населба во Киев, во селото Зазимје. Вчера од македонското министерство за надворешни работи му било понудено со неговото автомобил да дојде до пункт оддалечен 37 километри од неговиот дом, од каде во колона ќе заминат за Македонија, но тој објаснил дека таква можност е невозможна затоа што е загрижен за безбедноста на неговото семејство.
О.К.