(Видео) „Не сум била добра мајка, социјалното да ми го земе детето“ – Имала големи веѓи и трпи тортура на социјалните мрежи – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/22 11:00 PM

(Видео) „Не сум била добра мајка, социјалното да ми го земе детето“ – Имала големи веѓи и трпи тортура на социјалните мрежи

Сејм- Џо Хејлфорд (27) минатата година почна да користи течен алајнер за да ги подигне веѓите во обид да се истакне – а сега тие заземаат половина од нејзиното чело.

Оваа мајка, која има над 75.000 следбеници на ТикТок, изјави дека била малтретирана на интернет и дека луѓето и се смееле на улица поради нејзините смели веѓи.

Се соочила и со закани дека луѓето ќе се јават во социјалните служби на нејзина сметка – но таа инсистира дека нејзините веѓи „не одредуваат дали сум добра мајка или не“.

@sammie_jo_94 draft 😝 #mightlinkmyting #trend #fyp #feltcute #mumsoftiktok #makeup ♬ original sound – Kareem Jassam


Веѓите на Сејми-Џоин се со нормална големина, но таа рече дека сака  да се спротивставува на нормалните стандарди за убавина.
Тие со текот на времето стануваа се поголеми и поголеми – и сега таа заземат поголем дел од нејзиното чело.
Мајката, од Гримсби, изјави за Дејли Стар:

„Луѓето велат дека не треба да бидам мајка и дека ќе се јават во социјалните служби поради моите веѓи. Интернетот станува навистина екстремен. Можам да се јавам во социјалните служби бидејќи немам што да кријам.  Моите веѓи не одредуваат дали сум добра мајка или не. Сакам само да давам изјава и моите веѓи го прават тоа наместо мене. Почнаа со нормална големина, а со текот на времето станаа поголеми и јас едноставно сакам да изгледам поинаку. Би било одлично ако тоа беа најголемите британски веѓи. Сега направив хаштаг наречен „поголеми веѓи, поголем дечко“, бидејќи тоа е вистина и им кажувам на моите пријатели“.

Сејми-Џо, исто така, рече дека нејзиниот љубовен живот не страдал поради нејзините масивни веѓи – а всушност тие се секогаш првото нешто што мажите го споменуваат.
Таа додаде: „Луѓето велат дека немам дечко затоа што имам големи веѓи, но тоа е погрешно. Имав многу мажи во инбокс кои ми рекоа дека сум убава и рекоа дека ќе излегуваат со мене“.

@sammie_jo_94 Reply to @sweetpea6087 #replyingtocomments #makeup #momsoftiktok ♬ original sound – 𝑺𝑯𝑨𝑫𝑬 𝑩𝑶𝒀𝑺


„Тие секогаш прво ги спомнуваат веѓите, па можеби им се некој фетиш.
И покрај тоа што го сака нејзиниот уникатен изглед, се соочува со онлајн и лична злоупотреба – но рече дека тролањето повеќе не влијае на неа.
Иако повеќето луѓе се љубезни кон нејзиниот изглед, таа вели:

„Ќе ми се смеат помладите девојки на улица, тоа сум го доживеала неколку пати, но тоа го прават меѓу себе. Најлошите коментари се на интернет. Добивам ужасни коментари за мојата шминка“.

@sammie_jo_94 We don’t s1ut shame #LinkBudsNeverOff #fyp #makeup #biggerthebrowbiggertheboy ♬ original sound – Isaac H.P Karaoke Backup


„Претпоставувам дека во изминатите три години се пронајдов себеси и поминав низ терапија за да сфатам дека сум достојна без разлика како изгледам или што ќе одлучам да правам“.
Оваа мајка, која си го сака својот изглед и се обидува да ги охрабри другите да бидат поинакви, додаде:

„Тролањето сега не ме засега. Се обидувам да ја подигнам свеста дека луѓето да можат да бидат различни. Така возвраќам“.

Извор: magazin.novosti.rs