„Беше или живот или право во смрт“ – Исповед на двајца зависни од хероин кои се излечиле – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/22 6:00 PM

„Беше или живот или право во смрт“ – Исповед на двајца зависни од хероин кои се излечиле

Холи и Џејк се тешки зависници од хероин веќе една деценија.

Живееле на улица, краделе по продавници, влегувале во неволја со полицијата. Потоа еден ден сфатиле дека повеќе не можат да живеат така …

Холи Фицвотер (33) поминала повеќе од една деценија на улица. Во раните 20-ти таа влегла во лошо друштво и почнала да експериментира со дрога. Не ѝ требало многу време за да стане зависна од хероин. Крадела од продавници за да добие пари за нова „фикс“.

Истиот живот го живеел и нејзиното сегашно момче Џејк (30). Двојката се запознала на улиците на шкотскиот град Перт на почетокот на 2019 година и љубовта брзо се разгорела. Тие го имале истиот заеднички интерес: да добијат што е можно повеќе дрога.
– Во тие десет години го изгубив старателството над детето, минав одредено време во затвор поради кражба, а иако навистина се обидов неколку пати, никогаш не успеав да се „ослободам“ од хероинот. Штом почнаа првите симптоми на „соголување“, ме фати паника и само ќе продолжев да консумирам – вели Холи.
Сè се сменило на Божиќ 2020 година, воедно и роденденот на оваа дама, пишува Мирор.
– Живеевме во некаква дупка без ништо, далеку од нашите семејства, посветена само на хероин. Тој ден сфативме дека не можеме вака да продолжиме. Знаевме дека мора да направиме нешто или ќе умреме.

@addictionjourney1 Living #addiction #fypシ #hollyjake #foryoupage #addictionrecovery #livingmybestlife #foryou ♬ Don’t Give Up On Me – Andy Grammer & R3HAB


– Се јавив во надлежната служба и им ја објаснив ситуацијата. По неколку дена ни понудија 28 дена да се пријавиме во една институција. Се согласивме. Собравме облека што ја имавме во пластични кеси и отидовме таму. Не можевме да останеме во тој град. Сите наши пријатели се зависници, порано или подоцна би налетале на некого и би се ’лизнале’ – додава Холи.
По пристигнувањето во центарот за рехабилитација им биле дадени таблети метадон за да ја надминат кризата.Се заклучиле во станот што го добиле и по неколку недели почнале да се чувствуваат подобро.
– Беше тешко. Сакавме да се откажеме неколку пати, но уште еднаш си бевме голема поддршка во овој процес. Имавме црни мисли, се срамевме од нашите постапки, но сфативме дека можеме да ги исправиме само ако се промениме. Сега сме чисти повеќе од десет месеци и се сакаме повеќе од порано. Конечно ги откривме вистинските ликови, што се наоѓаа под фасадата на дрогата – вели Холи на крајот.

Својата приказна ја споделуваат на социјалните мрежи, а нивните снимки собрале милиони прегледи. Сликите кои ги објавуваат ја покажуваат големата трансформација низ која поминале последните години.