(Видео) „За некого е добар ден, за некого последен ден“ – Емотивниот говор на Зеленски го раслака преведувачот – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/22 4:12 PM

(Видео) „За некого е добар ден, за некого последен ден“ – Емотивниот говор на Зеленски го раслака преведувачот

– Не можам да кажам добро утро, добар ден или добра вечер. Затоа што не секој ден е добар за сите луѓе. За некои луѓе ова е последен ден. Украина ги дава своите најдобри луѓе, најсилните, највредните. Украинците се неверојатни луѓе, рече Зеленски, во денешниот говор, за кој на крајот му аплаудираа.
Зеленски рече дека Украинците се борат за својата земја и слобода.

-Верувајте ми, никој нема да не скрши и да ни ја одземе слободата. Ние сме силни, ние сме Украинци, истакна тој.

Тој им порача на пратениците дека Европската унија мора да докаже дека е со Украина.

– Не читам од хартија, таа фаза е завршена, се работи за животи. Без вас би биле осамени. Ја докажавме нашата сила, ние сме како вас. Докажете дека сте со нас. Докажете дека нема да не изневерите. Докажете дека сте навистина Европејци и дека животот ќе ја победи смртта и дека светлината ќе ја победи темнината, додаде тој.

Официјалниот преведувач, кој во еден момент беше на работ на солзи, не остана имун на емотивниот говор на Зеленски од Киев.

По говорот Зеленски доби громогасен аплауз и сите му станаа на нозе.