Како јодот може да помогне во случај на нуклеарна војна: Што лекува и како се применува? – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/22 9:00 PM

Како јодот може да помогне во случај на нуклеарна војна: Што лекува и како се применува?

Откако Владимир Путин и нареди на армијата да ги стави руските нуклеарни сили во состојба на готовност, луѓето почнаа да се распрашуваат за таблети со јод. Но, како може јодот да помогне во овие ситуации?

Украинците, но и светот се плашат од можноста за нуклеарна војна. Затоа деновиве во Австрија, Германија и Украина во големи количини се купуваат брашно, шеќер, сол, масло и таблети калиум јодид.

Се верува дека таблетите со јод во случај на радиоактивно зрачење го спречуваат таложењето на радиоактивен јод во тироидната жлезда, а можат да спречат и појава на малигни заболувања на тироидната жлезда.

Стабилниот јод од таблетата привремено ја заситува тироидната жлезда, што ја блокира апсорпцијата на радиоактивен јод. Меѓутоа, властите во Австралија изјавија дека овие таблети никогаш не треба да се земаат без договор со лекар. Причината е што овие таблети се земаат во одредено време во случај на голема потреба, така што калиум јодидот го развива своето заштитно дејство.

Јодот е ефикасно антивирусно и антибактериско средство со долга историја на употреба како средство за чистење рани и широк спектар на средства за дезинфекција. Некои веруваат дека повидон јод може да го забрза заздравувањето на раните и да ја намали потребата од антибиотици. Многумина го користат и за чистење на разни предмети во домот, како и за дезинфекција на рацете за време на настинки и грип, а познато е и дека успешно се користи за намалување на вирусни и бактериски инфекции, преку методот „гаргара“.

извор: stil.kurir.rs/