Дизелот ќе поевтини за 9,5 денари, а бензинот за 13 ако се намалат акцизите за 50% – Нов предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 03/1/22 10:08 AM

Дизелот ќе поевтини за 9,5 денари, а бензинот за 13 ако се намалат акцизите за 50% – Нов предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе даде конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог закон ќе побара намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оттаму сметаат дека оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари.

“Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи.

Ова е значајна помош за граѓаните и стопанството. Секој денар кој ќе го заштедат фирмите и граѓаните во вакви тешки времиња и тоа како значат за да можат да го преживеат месецот. Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.