Украина заслужува веднаш да влезе во Европската унија, се наведува во отвореното писмо од претседателите на осум земји-членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно вечерва објави дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Европската унија.
Тој беше посоветуван писмено да ѝ се обрати на ЕУ од страна на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
МИА