Светската поп ѕвезда Мадона објави дбе видеа на Инстгаграм, каде го искритикува Путин и даде поддршка на Украина.
И во двете видеа направила колаж од ужасните снимки во Укрина, а на едното од нив покажа и среден прст.
Во првото видео вели:
View this post on Instagram
– Путин ги прекрши сите постоечки договори за човекови права. Тој нема право да се обидува да го избрише постоењето на Украина. Претседателе Зеленски, ве поддржуваме. Се молиме за вас и вашата земја. Да не се чувствуваме беспомошни кога сме соочени со политички дејствија од ваков размер, има работи што можеме да ги направиме – порача Мадона во соопштението.
Во второто видео му се обрати на Путин:
View this post on Instagram
– Дали ова видео ве боли исто колку што ме боли мене? Путин продолжува со своите ужасни и непотребни напади врз Украина. Невини луѓе се борат за живот и учат да пукаат од пиштоли за да се заштитат. Ве молам, да направиме што можеме за да им помогнеме – напишала пејачката.