Македонија ќе донира оружје на Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 5:26 PM

Македонија ќе донира оружје на Украина

Владата на Република Северна Македонија ќе донира воени средства и опрема за вооружените сили на Украина.

Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.

Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина.