МНР ги повикува нашите граѓани да ја напуштат Руската Федерација – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/22 1:27 PM

МНР ги повикува нашите граѓани да ја напуштат Руската Федерација

„Со оглед на одлуката на ЕУ и други европски земји, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија, за затворање на Европскиот воздушен простор за Руските авиопревозници, апелираме нашите граѓани кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја“, соопштија од Министерството за внатрешни работи и додаваат дека, ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.

МНР истовремено ги повикува сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планираат посета на Руската Федерација, да се воздржат од патувања кон истата.

За поддршка на наши државјани кои моментално се наоѓаат во Руската Федерација, МНР соопштува дека стојат на располагање следните телефонски броеви на Амбасадата: + 74 99 124 33 57 (фиксен)

+ 79 58 643 34 63 (мобилен) како и на електронската пошта, е-mail: moscow@mfa.gov.mk Olivera.dimovska@mfa.gov.mk