Да се забрза членството на Косово во НАТО и поголемо присуство на КФОР на север, бара косовскиот министер за одбрана – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/22 9:44 PM

Да се забрза членството на Косово во НАТО и поголемо присуство на КФОР на север, бара косовскиот министер за одбрана

Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај порача дека забрзаното членство на Косово во НАТО е непосредна потреба за да се гарантира безбедноста и стабилноста во регионот, но и пошироко, бидејќи Европа и светот се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици по тешката руска агресија врз Украина.

– Постои голема потреба демократските земји да направат одлучни чекори и да се соединат пред ваквиот предизвик. Косово покажа цврста посветеност за демкоратските вредности и мирот. Ги повикуваме земјите кои ја немаат признато независноста на Косово да го сторат тоа, наведе Мехај во објаватан а Твитер.

Тој нагласува дека ова е време кога сите одговорни народи мора да дејствуваат заедно за зачувување на мирот.

– Уште еднаш го повторувам повикот САД да постават постојана воена база на Косово за да се зајакне мирот и стабилноста во регионот и пошироко, вели Мехај.

Како што пренесува „КоССев“, пак, Мехај од командантот на КФОР, генерал Ференц Кајари, побарал да се зголеми присуството на претставниците на оваа мисија на НАТО на северот на земјата.

 

извор:ртцг, Н1