Регистрирани 378 новозаболени со ковид, починаа седум лица – ММС
ММС

Објавено на: 02/27/22 6:02 PM

Регистрирани 378 новозаболени со ковид, починаа седум лица

 Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 378 случаи на Ковид-19 од направени 2.560 тестирања. Од нив, 58 се реинфекции. Министерството за здравство регистрира седум починати пациенти, сите со коморбидитети. Оздравени се 432 пациенти.
Според дневниот билтен, најголем број од новопријавените случаи се од Скопје – 178. Во Куманово има 25 нови случаи, во Битола 23, во Велес 21, во Прилеп 20, Кавадарци 19, Тетово – 14, Штип и Кичево имаат по 9 случаи, Охрид и Ресен по 8, Гостивар 7,   Гевгелија  6, Неготино, Богданци и Струга по 5, Свети Николе  4 и Струмица, Крива Паланка и Дебар по 3. Најмалку нови случаи има во Кочани – 2 и во Делчево 1.
Сите починати пациенти во изминатото деноноќие се починати во болнички услови. Четворица се од Скопје (70г, 70г, 71г и 77г) и по едно починато лице има од Битола (82г), Кратово (63г) и Охрид (90г).
Бројот на активни случаи во моментот е 4.172 лица.
Од почетокот на пандемијата во земјава се регистрирани 297.081 случај на Ковид-19. Оздравени се
283.908, а починати 9.001 лице.