(Видео) „Тенкот што прегази автомобил не е руски, туку украински, кој изгуби контола“, рече новинарот Лозовски и порача да не се шират лажни вести – ММС
ММС

Објавено на: 02/26/22 10:48 AM

(Видео) „Тенкот што прегази автомобил не е руски, туку украински, кој изгуби контола“, рече новинарот Лозовски и порача да не се шират лажни вести

Видеото кое се ширеѓе на социјалните мрежи како тенк гази цивилен автомобил во Киев, а потоа луѓе го спасуваат не е руски, туку украински тенк.

Истражувачкиот новинар и уредник на „Проект“, кој известува за организиран криминал и корупција Илја Лозовски, рече дека не станува збор за руски тенк, туку за украински и да се внимава со лажните вести.
„Снимката од тенк како гази цивилен автомобил во Киев, која се прошири на социјалните мрежи во петокот, не е руски тенк, туку украински“, напиша Илја Лозовски на Твитер.

„Ги избришав сите ретвитови кои покажуваат како воено возило гази цивилен автомобил во Киев. Се чини дека се работи за украинско возило кое ја изгубило контролата. Сè уште нема извештаи за руски возила во Киев. Ова е уште еден добар потсетник да не се шири непроверена содржина “, напиша Лозовски на Твитер.

Погледнете го видеото, кое го шокираше светот:

Фото: Твитер