Повеќето луѓе мислат дека сексот со чорапи ја убива сета еротика и интимност.
Сепак, многумина не знаат дека тие можат позитивно да влијаат на квалитетот на вашиот сексуален живот.
Која е тајната на чорапите?
Излегува дека носењето чорапи позитивно влијае и на жените и на мажите. На ладно се намалува способноста за квалитетна ерекција. Ова се должи на стегање на крвните садови. Телото се обидува да се загрее за да се активира циркулацијата на крвта во средината на телото.
Екстремитетите почнуваат да се ладат, чувствителноста на машкиот полов орган се губи. Покрај тоа, триењето на студените стапала едно со друго исто така не е многу пријатно.
Истражувачи од Холандија проучувале како чорапите влијаат на квалитетот на сексуалниот живот на жените.
Според студијата во која птоучувале околу илјада жени, чорапите им помогнале на 80% од жените да стигнат до највисоката точка на задоволство, наспроти само 50% од босите жени.
Истражувачите сугерираат дека носењето чорапи прави човекот да се чувствува позаштитено и побрзо да се опушти, што ги води партнерите до посакуваниот резултат.
Извор и фото: Здраве.то