(Видео) Пензионер, кој тврди дека има 120 години, уапсен среде секс на јавно место – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 8:00 PM

(Видео) Пензионер, кој тврди дека има 120 години, уапсен среде секс на јавно место

Пензионер кој тврди дека има 120 години е уапсен откако имал секс на јавно место во центарот на градот, пренесе „Dailystar“.

Старецот бил забележан со спуштени панталони како се нафрла врз жена пред продавница во Магеланг Сити, Индонезија.

Зачудените локални жители го снимиле парот кој бил фатен на непристоен чин, а снимката им била предадена на локалните власти.

Полицијата започнала претрес на локалното подрачје еден ден откако и бил предаден недозволениот материјал, на крајот приведувајќи пензионер познат само како Ј. Додека бил во притвор, постариот жител на полицајците им рекол дека има 120 години.

„За случајот што се гледа на видеото, полицијата на градот Магеланг сè уште истражува. Го најдовме виновникот, но прво мора да се расчисти бидејќи човекот не може да биде сослушан. До сега не знаеме која е неговата партнерка, според неговата изјава тој има 120 години. Човекот се чинеше дека е замаен, па мораше полека да го прашаат и да го упатат да зборува. Но, најчесто молчеше. Го вративме во неговата куќа, веќе знаеме каде живее. Полицијата сè уште врши истрага, а се уште собираме други информации. Осомничен сторител се уште е дедото“, истакна шефицата на локалната полиција.

Официјалните лица изјавија дека постариот жител, кој бил ослободен по сослушувањето, имал секс со жена која работи во областа како чистачка и собирач на ѓубре пред златара.

Извор: dailystar.co.uk

Фото:ViralPress