Дојран е единствена општина без активни лица заболени со корона вирус – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 3:19 PM

Дојран е единствена општина без активни лица заболени со корона вирус

Oпштина Дојран е единствената општина во земјава во која нема веќе активни пациенти на корона вирусот во актуелниот бран, во кој доминантен е омикрон сојот, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје од Гевгелија

Според последниот извештај од ИЈЗ, општина Дојран прва испиша нула во графата на заразени лица од 35 општини за кои во земјава се води дневна евиденција за корона статусот.

Досега во општина Дојран, според водената евиденција во време на пандемијата, активни на корона вирусот биле вкупно 256 лица, од кои 248 оздравеле, а осум починале како резултат на присутни коморбидитети и компликации кои настанале од вирусот.

Во регионот што е под надлежност на ЦЈЗ Гевгелија, денеска како активни на корона вирусот се водат 79 лица.

mia