И Анџелина Џоли се загрижи за војната во Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 10:31 AM

И Анџелина Џоли се загрижи за војната во Украина

Ситуацијата во Украина, која дополнително ескалира во четвртокот, го загрижи целиот свет, вклучувајќи ја и холивудската актерка Анџелина Џоли.

Актерката објави за ситуацијата на својот Инстаграм профил: „Како и многумина од вас и јас се молам за народот на Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги, е да направам се што е можно за да се обезбеди заштита и основни човекови права на раселените лица и бегалците во регионот. Веќе видовме извештаи за жртвите и за луѓето кои почнале да бегаат од своите домови во потрага по безбедност. Рано е да знаеме што ќе се случи, но важноста на овој момент не може да се прецени“, напиша Џоли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

фото: BBC