Шалке го отстрани логото на „Газпром“ од својот дрес поради руската инвазија на Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 4:16 PM

Шалке го отстрани логото на „Газпром“ од својот дрес поради руската инвазија на Украина

Германскиот клуб, на кој рускиот нафтен гигант „Газпром“ со години е главен спонзор, се реши на радикален чекор. Германскиот фудбалски клуб Шалке 04 од Гелзенкирхен денеска соопшти дека го отстранил логото на главниот спонзор на „Газпром“ од своите дресови како одговор на тековната руска инвазија на Украина, која одзема животи.

Нафтениот гигант „Газпром“ е во мнозинска сопственост на руската држава и спонзорира многу клубови низ Европа, меѓу кои и шампионот на Србија, Црвена звезда.

Шалке има важечки договор со „Газпром“, но поради моменталната ситуација во Украина, германскиот клуб се реши на овој чекор, кој несомнено ќе трпи финансиски последици.

– Поради последните случувања, фудбалскиот клуб Шалке одлучи да го отстрани логото на главниот спонзор на Гаспром од дресовите. Во иднина само „Шалке 04“ ќе стои на дресот во иднина,  порача германскиот второлигаш.

Газпром е еден од најголемите спонзори на Лигата на шампионите на УЕФА, поради што раководството на европската куќа на фудбалот доби инструкции од повисоките инстанци да одржи итен состанок на кој би се разгледала понатамошна соработка со руската компанија.

Поради новонастанатата ситуација во Украина и инвазијата на руските сили, УЕФА е многу блиску до одлуката да им ги одземе на Русите да бидат домаќини на финалето од Лигата на шампионите, кое е закажано во Санкт Петербург.

извор: Telegraf.rs

фото: schalke04.de