Краделе и се богателе без усул – Како живееле сопругите на најголемите светски диктатори? – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 7:00 PM

Краделе и се богателе без усул – Како живееле сопругите на најголемите светски диктатори?

Колекција на дизајнерски чевли, прескапи чанти, на кои не им се знае број, но и неплатени долгови во луксузни продавници.

Сопругите на светските диктатори живееле раскошен живот на сметка на народот во својата земја, додека тој гладувал и не можел ниту да го замисли лукузот на првите дами.

Еве го небулозите на некои од нив:

Гучи Грејс – Грејс Мугабе

Дури 12 дијамантски прстени, 62 пара „ферагамо“ чевли и часовник „ролекс“ од 90.000 евра за само една година. Така живеела Грејс Мугабе, сопруга на починатиот Роберт Мугабе, бивш претседател на Зимбабве. Поради нејзината пасија кон скапите работи ја викале Гучи Грејс. Првата дама неконтролирано трошела пари додека народот гладувал. Таа и сопругот беа во куќен притвор во вила со 25 спални соби и се зборуваше дека само на едно излегување трошела по 120.000 фунти.

Имелда Маркос – зависничка од чевли

Поранешната прва дама на Филипините, која денес има 92 години, собрала преку 1.200 пара чевли во текот на 21 година од владеењето на нејзиниот сопруг. Наводно, потрошила милиони на накит и уметнички дела, додека многу Филипинци живееле во беда под власта на нејзиниот сопруг Фердинанд Маркос. Маркос е обвинет дека земал повеќе од 10 милијарди долари за време на неговото владеење. Добар дел од тоа добила и Имелда која знаела да го искористи луксузот во кој живее. Наводно еднаш наредила авионот во кој се наоѓала да се сврти и да се врати во Рим затоа што заборавила да купи сирење таму.

Бајката на Имелда пропадна во 1986 година, кога нејзиниот сопруг, диктатор, беше соборен во народното востание поддржано од армијата, а семејството побегна на Хаваи. Се шпекулираше дека со себе, меѓу многу работи, понеле и 24 златни прачки и 413 парчиња накит, но дека колекцијата на чевли на Имелда морале да ја остават во претседателската палата.

Влегоа во моите плакари барајќи скелети, но фала Богу, најдоа само чевли, убави чевли“, изјави таа во една прилика.

Имелда беше изведена на суд пред неколку години за нелегални банкарски трансфери на швајцарски фондации во вредност од 200 милиони долари додека беше на чело на Манила. Таа е осудена на најмалку 42 години затвор.

„Дама на смртта“ која обожава “лобутенки“ – Асма ал-Асад

Сегашната прва дама на Сирија е родена во Британија, а била позната како сириската принцеза Дијана. Меѓутоа, во нејзината земја почнаа да ја нарекуваат „дама на смртта“ бидејќи е обвинета дека била соучесник во воените злосторства и масакрот на жени и деца.

Асма и нејзиниот сопруг, сирискиот претседател Башар ал Асад имаат раскошна палата вредна милијарда долари. Во 2012 година, Викиликс ги објави приватните мејлови на Асма, кои покажуваат дека таа потрошила 250.000 фунти на 130 парчиња мебел за време на крвавата граѓанска војна.

Парите ги потрошила на вазни од Хародс, лустери, елегантни свеќници и тепих кој чинел илјадници фунти, а имала и чевли вредни 5.000 фунти со потпетици обложени со кристали. Омилени чевли на Асма се „лобутен“ пренесува TheSun.

Кралица на чантите – Росма Мансор

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hafizoo Kassim (@hafizoo.kassim.98)

Додека Асма обожава мебел, поранешната прва дама на Малезија Росма Мансор има склоност кон чанти. 70-годишната втора сопруга на поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак, наводно, собрала огромна колекција од 567 луксузни чанти. Исто така им се препуштала на скапите набавки додека беше прва дама, од 2009 до 2018 година, додека нејзините луѓе се мачеле со зголемените трошоци за живот.

„Волстрит журнал“ објави дека има акумулирано трошоци за кредитни картички од најмалку шест милиони долари помеѓу 2008 и 2015 година во големите градови низ светот, вклучувајќи ги Лондон и Њујорк. Розмах еднаш дури се пожали дека мора да плати околу 200 фунти за бојадисување коса – кога минималната плата во Малезија беше помала од таа сума.

Поранешната прва дама и нејзиниот сопруг сега се под истрага за наводна измама од повеќе милијарди долари. Американското Министерство за правда објави дека милиони долари од државниот фонд се потрошени за накит за Росмах – вклучително и комплет ѓердани со розови дијаманти во вредност од 27 милиони долари.

Сепак, Разак за Ројтерс изјави дека неговата сопруга никогаш не го добила тој сет. Полицијата открила и 272 Хермес чанти вредни речиси 10,5 милиони фунти, како и 1.400 ѓердани, 2.200 прстени и повеќе од 400 часовници на имотите поврзани со овој пар. На Разак, кој тврдеше дека многу од овие предмети се подароци, му се суди за перење пари и злоупотреба на службената положба, што тој го негира. Росма, во меѓувреме, ги отфрли обвинувањата за перење пари и затајување данок.

Принцеза на долговите – Маха ал-Судаири

Саудиската принцеза и поранешна сопруга на министерот за внатрешни работи на Саудиска Арабија е вистински шопингхоличар. Маха ал-Судаири е позната по љубовта кон дизајнерските производи, но наместо да плати за тоа, таа често им оставала долгови на вработените во продавниците.

Додека беше трета сопруга на поранешниот саудиски министер за внатрешни работи Најеф бин Абдул-Азиз ал-Сауд, Маха отиде на епски шопинг низ целиот Париз, посетувајќи врвни бутици. Таа земала дизајнерска облека, накит и долна облека, а потоа оставала документ со кој гарантира дека робата подоцна ќе биде платена. Меѓутоа, често тоа не се случувало.

„Таа беше многу добар клиент осум години, но потоа едноставно престана да плаќа“, рече сопственикот на продавница за долна облека, кој во 2009 година тврдеше дека Маха сè уште и должи 60.000 фунти.

Три години подоцна, Маха наводно се обидела да се искраде од хотел со пет ѕвезди во Париз во сред ноќ, без да ја подмири сметката од 7,5 милиони долари. Претходно шест месеци била во луксузен хотел со придружба од 60 асистенти, а потоа наводно се обидела да замине, иако тие тврдења не биле потврдени.

Во 2013 година, судијата пресуди дека луксузните стоки што ги собира Маха и за кои се верува дека вредат до 12 милиони фунти ќе бидат запленети за да ги подмират нејзините неплатени сметки.

Криминалец – Роса Елена Бонила

Роза Елена Бонила, поранешната прва дама на Хондурас од 2010 до 2014 година, беше осудена на 58 години затвор под обвинение за измама и злоупотреба на средства. Бонила беше обвинета дека присвоила 779.000 долари додека била прва дама. Бонила ги искористила средствата кои требало да бидат наменети за социјални програми за купување накит и испраќање школарина на своите деца.

извор: zadovoljna.nova.rs/

фото: bbc.co.uk, thetimes.co.uk, syrianobserver.com, bedtimez.com/