Wizz Air привремено ги прекина сите летови кон Украина – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 10:53 AM

Wizz Air привремено ги прекина сите летови кон Украина

Поради актуелната состојба во Украина, авиокомпанијата Wizz Air информира дека привремено ги прекинува сите  летовите кон Украина.

„Поради актуелните настани во Украина и затворањето на воздушниот простор, Wizz Air со жалење ги информира нашите клиенти дека авиокомпанијата мора привремено да ги прекине сите летови во земјата. Патниците со резервирани летови од и до Украина можат да најдат повеќе информации на wizzair.com, или пак, преку телефонскиот центар на авиокомпанијата: 00380 893 202 532. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот останува наш приоритет број еден и се надеваме дека наскоро Укранина ќе се врати во нормала,“ информираат од компанијата.

Wizz Air