На Евровизија во 2004 година во Истанбул, победи украинската пејачка Руслана и стана една од најголемите евровизиски ѕвезди во историјата. Музичката ѕвезда од Киев утрово се огласи на Инстаграм со порака:
View this post on Instagram
„Ова рано утро треба да добиеме сила и да разбереме дека војната против Украина започна. Сигурно знам дека светот е обединет за Украина. Светлината нè набљудува и ни помага. Во исто време собирам информации – работам како што треба, и ќе ги објавам овде! Слава на Украина! Боже, почувствувај и прими ги моите молитви за мир и спокојство на Украина“ – ова е дел од пораката што ја објави Руслана .
Фото: Инстаграм