Денеска од 08.00 до 12.00 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу на автобуси и такси возила, соопштија од МВР.
При контролата биле откриени и со законски предвидени поднесоци се заокружени вкупно 6 прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-4). Три возила имале неисправни сопирачки (ТЕ-2 и ГВ-1), кај две возила (ГВ) не бил извршен технички преглед, а едно (ГВ) било со неисправна друга опрема.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци согласно Законот за возила. Санкционирани, исто така, биле и 16 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ 9 и ГВ-6).