Мобилен рентген апарат ќе добие штипската Клиничка болница вреден 55.000 евра. Апаратот е донација од јапонската амбасада, преку програмата GGP.
Договорот за донацијата ја потпишаа денеска во Штип, јапонскиот амбасадор Савада Хиронори и штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
„Досега Штип има реализирано пет проекти финансирани од јапонската амбасада, го потпишуваме шестиот кој е во насока на подобрување на здравствените услуги. Штип е сведок на долгогодишната соработката а деновиве и со реализацијата и финализирањето на ХС Злетовица кој што е финансиран од јапонската агенција Џајка. Станува збор за проект вреден пет милиони евра со што се решава проблемот со водоснабдувањето во градот, “ изјави штипскиот градоначалник Јорданов.
Овој медицински апарат ќе биде од огромно занчење за Клиничка болница, првично наменет за ковид болни, посочи директорот на биолницата Ален Ѓорѓијев.
„Овој медицински апарат ќе го зголеми нивото на здравствените услуги на нашиот оддел за радиодијагностика, кој има шест лекари специјалисти, 12 рентген-техничари. Ние сме регионален центар, опслужуваме 250.000 жители, имаме 35.000 дијагностички процедури, и со ова ќе одиме чекор напред, не само во одделот за радиодијагностика туку и во сите други оддели. Апаратот ќе биде наменет за побрза дијагностика, пред се за лежечките пациенти,“изјави Ѓорѓијев.
Тој додаде дека ,ова не е прва донација за штипската Клиничка болница. Пред три години доби донација , две амбулантни возила, кој многу помогнаа во периодот на пандемијата.
„Во рамките на иницијативата на Западен Балкан, Јапонија е силно посветена да ја поддржи Македонија и во социјалниот и во економскиот развој, што е многу важно за интеграцијата во ЕУ,“рече јапонскиот амбасадор Савада Хиронори по потпишувањето на договорот за донацијата.
Тој додаде дека од 1996 година , Јапонија има поддржано проекти во секторот здравство, образование и животна средина .
„Годинава ќе потишам проекти во износ од 824.000 евра, со што вкупната поддршка ќе изнесува вкупно 8,5 милиони евра, GGP за 171 проект,“ информираше јапонскиот амбасадор.
В.Кр