(Видео) Откако си го унакази лицето со операции актерката Кортни Кокс го прифати доаѓањето на староста – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/22 8:17 AM

(Видео) Откако си го унакази лицето со операции актерката Кортни Кокс го прифати доаѓањето на староста

Американската актерка Кортни Кокс (57) признала дека не била свесна за својот изглед по бројните пластични операции.

По многу интервенции, таа одлучи да остави годините да го направат своето.

“Тоа беше тој период од мојот живот кога сфатив дека се менувам и изгледам постаро. И со години се трудев да ја одржам младоста. После сите процедури сфатив што прават овие моќни инекции на мојата кожа и здравје, а од денешна перспектива никогаш повеќе не би го направила тоа. Сфатив дека морам да престанам“, изјави ѕвездата на „Пријатели“ во интервју за Сандеј Тајмс, а потоа призна дека не може да верува дека се приближува на 60 години.

“Боже, тешко е да се поверува, а камоли да се каже. Нема ништо лошо во тоа да си блиску до 60 години, едноставно не можам да верувам. Времето навистина лета”, рекла Кортни.
Кортни истакна дека побарала од докторот да ја врати на стариот изглед, и  дека денес го негува  природниот изглед.

Кортни Кокс е во врска со 13 години помладиот Џони Мекдејд, член на бендот Snow Patrol од 2013 година.

Зад себе го има бракот со својот колега Дејвид Аркет, кој го запозна на снимањето на филмот „Врисок“, а со кого ја има ќерката Коко (18).

Извор: kurir.rs

Фото: Принтскрин Јутјуб