Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 44 години за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 19.10.2021 година, дал лажен исказ пред судот, јавувајќи се во својство на сведок-оштетен на главна расправа во постапка по поднесено обвинение за кривични дела Лихварство и Изнуда. Притоа тој ги негирал наводите од записникот за поднесена пријава, врз основа на која било поднесено обвинението против лицето осомничено за овие две кривични дела.