Фрлете ги сите изгребани тенџериња и садови, штетни се за здравјето – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 10:18 AM

Фрлете ги сите изгребани тенџериња и садови, штетни се за здравјето

Иако дизајнот е важен, здравјето е најважно, па затоа е битно да знаете кога садовите се опасни за понатамошна употреба. Речиси во секоја кујна има барем едно тенџере кое е оштетено поради долгорочна употреба, но вие го сакате и тешко ви е да се откажете од него. Меѓутоа, ако е изгребано, издлабено или заштитниот емајл е уништен, можеби е подобро да го фрлите.
Кога станува збор за пластиката, научивме дека треба да бидеме внимателни со неа. Меѓутоа, кога се во прашање садовите во кои подготвуваме храна, на повеќето им е најважно како изгледа, каква боја е дезенот и слично. Токму тоа го знаат многу производители, кои не размислуваат премногу за квалитетот, со цел да ја зголемат продажбата,. Па, користат одредени бои и метални премази за да направат садовите за да изгледаат што поубаво.

Иако дизајнот е важен, здравјето е најважно, па затоа треба да знаете кога садовите се опасни за натамошна употреба. Доколку тенџерето ви паднало од рака, емајлот е оштетен или сте го изгребале при употреба, најдобро е да го оставите настрана и да престанете да готвите во него.
Емајлот е всушност заштитен слој кој го покрива металот и многу е важно – доколку се изгребе едно такво тенџере, веднаш да се стави надвор од употреба. Кога кујнските садови се оштетени, изгребани или скршени, токсични материи може да се ослободат за време на подготовката или складирањето на храната. Најбезбедно е да се користат стаклени садови или природна необоена керамика, велат експертите. Втор совет е да ги читате декларациите и да не користите оштетени производи.

извор: espreso.co.rs