Зоран Јовановски, човекот кој пред повеќе од две години ја отвори првата Академија за пица мајстори во Македонска Каменица е пред нов предизвик. Во улога на ментор на македонски и српски натпреварувачи тој ќе учествува на Светскиот шампионат во правење пица, кој во месец април ќе се одржи во Рим, Италија.
„На светскиот пица шампионат кој ќе се одржи во Рим на 25-26 април оваа година ќе учествуваат околу 250 пица мајстори од целиот свет. Најпрво да кажам дека сум поканет да бидам судија на тоа најголемо натпреварување, кое воедно за мене претставува и најголем успех во кариерата до сега. Исто така ќе бидам и ментор на македонскиот тим (Дејан Трајанов Чеде, Синиша Чамџиќ и Хисен Таири) кој ќе се натпреварува во три категории – Пица Наполетана, Пица Класика и Мистери Бокс (Mistery Box), а ќе му бидам ментор и на единствениот српски натпреварувач Дамир Карпузи, кој ќе се натпреварува во Пица Наполетана, истакна Јовановски.
миа
фото-vrabotuvanje.mk