Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски најави дека наскоро ќе излезат со конкретни предлози и мерки како може да им се помогне на локалните самоуправи да го ублажат актуелниот шок од зголемените трошоци поради енергетската криза.
„ Барањето на општините да бидат дел од регулираниот пазар како граѓаните, иако ќе биде исклучок во регионот и Европа, може да се реализира само со промена на законот за енергетика.Но прашање е колку Јавните комунални претпријатија кои имаат драстично зголемени сметки за струја работат ефикасно. Нашите анализи упатуваат на катастрофална неефикасност, нерентабилност, и превработеност. Во моментото комуналните претпријатија и другите општински инстуции на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме му должат 13 милиони евра, што заедно со државните институции генерира долг од 22 милиони евра кој влијеа на ликвидноста на ЕВН, но и на ЕСМ – Електростопанство на Македонија.
Ние работиме на нови критериуми за лиценци на снабдувачите со електрична енерија со поголеми финансиски гаранции, но внимателно анализираме дали зголемените сум пак ќе удрат на институциите, бизнисот и во крајна линија на грбот на граѓаните. Факт е дека либерализираниот пазар и бројните снабдувачи ја зголемија конкуренција и во изминатите три години придонесоа за помали трошоци за општините и за бизнисот, но еве сега мора да си признаеме дека се случува еергетска криза која е увезена од Европа и целиот свет и треба да сите да бидеме солидарни, да се прилагодиме и да си помагаме – изјави Бислимоски, кој информираше дека во вториот квартал на оваа година предвидувањата се дека цената на електричната енергија ќе биде околу 168 евра по мегават час.
Марко Бислимоски: