Ме тепаа, ме фрлаа во самица и ме гледаа гола – Богатата наследничка ги изнесе деталите од траумите од детството – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/22 8:30 AM

Ме тепаа, ме фрлаа во самица и ме гледаа гола – Богатата наследничка ги изнесе деталите од траумите од детството

Популарната богата наследничка Парис Хилтон пораснала во многудетно семејство, а нејзините родители отсекогаш биле многу богати, со оглед на тоа дека го поседуваат познатиот синџир хотели Хилтон, поради што можеле да си дозволат се што ќе посака, па е позната како разгалена богаташка.

Во младоста ги полнеше медиумските наслови поради развратниот начин на живот, а во 2007 година дури заврши и во затвор поради прекршување на условната казна и возење без возачка дозвола која и беше одземена бидејќи возела пијана.

Јавноста уште повеќе ја исмејуваше кога протече нејзиното видео од секс со поранешното момче Рик Соломон, што за неа беше болно искуство. Меѓутоа, многумина не знаеле за злоставувањето кое го доживеала како тинејџерка кога родителите ја испратиле во училиште за „превоспитување“, а сето тоа го открила во својот документарен филм „Ова е Париз“.

-Тоа требаше да биде училиште, но учењето не беше на прво место. Од моментот кога станав до крајот на денот, сите ми викаа, ми врескаа во лице, доживував постојана тортура. Персоналот ми кажуваше страшни работи. Ме малтретираа, ме натераа да се чувствувам лошо. Мислам дека целта им беше да не скршат сите. Бевме физички малтретирани, тепани и давени. Сакаа да не заплашат, а не да се бунтуваат. Бев дете, а ме фрлаа во самица, ме тепаа, ме понижуваа и ме гледаа гола – изјавила Парис по 20 години молчење.

Од размазена русокоса Парис сега е диџеј, која за само еден настап заработува милион долари, а нејзиното богатство се проценува на 300 милиони долари.

По секс видеото, Хилтон долго време не им веруваше на мажите и не сакаше да се меша, но во 2021 година сепак се омажи за претприемачот Картер Реум, а присутна беше и Ким Кардашијан, која извесно време работеше за Париз како нејзин стилист.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа