Заврши средбата на која требаше да се зборува за решавање на проблемите на матичните лекари, кои утрово го почнаа штрајкот. Резултатот од оваа средба е да се создадат работни групи, кои најдоцна за две недели ќе починат да ги решаваат проблемите во примарното здравство.
-Ги увидивме забелешките и состојбата на лекарите од примарната здравстевна заштита. Се договоривме во најскоро време ке бидат формирани работни групи за поконкретно утврдување на приоритетите. Точна е забелешката дека навистина имаме од 1.463 медицински тимови од примарната здравствена заштита, скоро една третина се на работ на егзистенција и добиваат едвај загарантирана минимална плата. Затоа ќе гледаме да допринесеме да останат мотивирани и во интерес на пациентите. Оние тимови кои имаат помалку пациенти, а дополнитело да се направат и нови тимови во помалите места и во руралните, да се обезбеди една загарантирана минимална плата за медицинската сестра и за лекарот за да се спречи одлевањето на кадрите и затворањето на амбулантите. Оние амбуланти кои подобро работат и имаат вработено два или три дополнителни медицински тимови, за да нема нерамномерно плаќање од сопственикот на установата и кај нив за вториот и третиот тим да биде воведена загарантирана плата за да има рамномерност.
-Разгледавме и одредени казнени мерки, за кој леарите се жалеа дека се изрекувани од Фондот за здравство и во иднина за мали грешки казните да не бидат парични, туку опомена. Во иднина ќе има и други подобрувања во интерес на пациентите и во интерес на белиот мантил, изјави заменк министерот и најави дека најдоцна за две недели ќе се формираат работните групи за да се започне решавањето на проблемите.
Претседателот на Здружението на матични лекари, Лидија Чолакова Дервишова е исто така задоволна од средбата и очекува да се подобри состојбата.
-Наше беше како Здружение да алармираме и да ги сочуваме здравствените установи во малите места, бидејќи е многу важно за нашите луге кои живеат таму. Ова ни е прва средба, ги пренесов сите проблеми на целокупното приватно здравство, режимот на пропишување, казнената политика.., да го задржиме дигнитетот на лекарот и апелиравме да се почне веднаш со работни групи и во сите групи да биде вклучен човек кој ги разбира и има позитивен став кон нашите барања. Бараме континуитет во нешатата, како се менуваат директори и министри да нема застој. Протестот ќе биде прекинат, очекувам нашиот збор да стои и се надевам дека лекарската фела треба проблемите да ги решава на маса и зборовите да се претворат во дело, рече Чолакова Дервишова.