Европа се простува од мерките, ние уште го чекаме пикот – Кој укинува маски, а кој сертификати? – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 12:20 PM

Европа се простува од мерките, ние уште го чекаме пикот – Кој укинува маски, а кој сертификати?

Февруари е месецот на пресврт кога се работи за пандемијата на вирусот со ковид-19 во Европа. Како што стапките на смртност паѓаат, голем европски земји делумно или целосно ги укинуваат мерките кои се воведоа за да се скроти вирусот, а здравствените власти не размислуваат ниту да ги укинат задолжителните маски кај децата до 10 години.

Македонија се уште го чека пикот во петтиот бран, прв во кој е доминантен послабиот омикрон сој, но мерките никако да попуштат, а иницијативата за укинување на сертификатите која ја покренаа еминентни доктори и епидемиолози е здравствено неоправдана за Комисијата. Во овој бран, укинато е носењето маска на отворен простор и намалено е времето на изолација од десет дена на седум дена.

Порталот Нова  објави  дека во кои 14 држави  граѓаните може да се движат без заштитни маски, додека некои излегоа од повеќемесечниот карантин.

Данска

Данските власти донесоа одлука дека ковидот не спаѓа во категоријата „критични болести“ и од 1 февруари ги укинаа сите ограничувања. Ковид пасошот ќе биде неопходен само за влегување во земјата од странство. Четврта доза на вакцина ќе биде достапна на оние Данци кои сакаат да се заштитат за да можат да живеат без маски и карантин.

Велика Британија

И покрај високиот број на новозаразени во Велика Британија, граѓаните од крајот на јануари немаат обврска да носат маски и карантинот за заразени е укинат.

„Водете сметка за своите блиски и околината“, им е советувано на Британците кои лани работеа најчесто од дома.

Австрија

Земјата која усвои закон за задолжителна вакцинација сега ја менува стратегијата. Сите мерки воведени поради ковид ќе се укинат на 5 март, соопштија властите. На сила ќе остане само мерката на носење маска на одредени места, а зелените пасоши ќе станат минато. Првиот бран попуштања е најавен за 19 февруари кога рестораните и хотелите ќе ги отворат вратите и за невакцинираните со негативен тест. За заразените кои немаат симптоми се укинува карантинот, а маски ќе се носат само во јавен превоз и супермаркети.

Словенија

Слободата стигнува и на Балканот со оглед на тоа дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша потврди дека следува период на ублажување на мерките. Епидемиолозите и другите стручњаци  предложија укинување на ковид потврдите за влез во банка, пошта, маркет и единици на државната управа, како и олеснување за угостителите и училиштата каде што сега има редовни тестирања на ученици кои во училница седат со маски.

Словачка

Здравствениот систем на Словачка добро функционира и покрај новиот бран на пандемијата поради што властите одлучија да заборават на ковид-сертификатите. Тие веќе не се потребни за влез на јавни места а до крајот на февруари ќе се зголеми и бројот на луѓе кои можат да седат во една затворена просторија.

Белгија

Оваа земја неодамна премина од црвена во портокалова зона, што значи дека рестораните и пабовите можат да работат цело работно време, а децата помали о 12 години нема повеќе да носат маски.

Германија

Владата на премиерот Олаф Шолц донесе одлука која Германците долго ја посакуваа – после 20 март ќе биде укинат бројот на ограничувања поврзани за пандемијата на ковид со најава за задолжителна вакцинација за идната есен и зима. Планот во три точки предвидува укинување на рестрикциите во фазата за приватни собири, продавници, ресторани и хотели. На сила остануваат мерките за носење на заштитни маски и држење дистанца.

Холандија

Жителите на Холандија се едни од ретките во Европа кои во строг карантин проведоа добар дел од 2021 година. Сега дојде време за слобода, па од 15 февруари се укинаа голем дел од здравствените рестрикции. Се ќе се врати на режим со работа од пред пандемијата. Владата објави крај на носењето маски на јавните места и за социјалното дистанцирање.

Норвешка

Во средината на февруари се прогласи победа на слободата во Норвешка каде што се укинуваат сите мерки против вирусот. Високата стапка на вакцинирани е голем успех во борбата против пандемијата, што им овозможи на граѓаните да живеат без никакви стеги.

Шведска

Новата фаза на животот со корона почнува во Шведска – една од ретките земји кои доцна воведоа рестрикции. Ковид пропусниците на јавни места повеќе не важат, додека се укинува и препораката за носење маски во јавниот превоз во текот на сообраќајниот метеж.

Швајцарија

Швајцарската Влада подготви два сета на мерки кои стапија на сила од 17 февруари. Сега важи правилото 2Г а тоа значи дека во затворени простории можат да влезат само вакцинирани или прележани.

На списокот на земји кои го укинуваат задолжителното носење маски се Шпанија, Франција и Италија, додека останатите ограничувања ќе останат на сила.

О.К.

извор: Nova

Фото: Freepik