Награда од 1.200 евра годишно за одење на работа со велосипед – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 11:13 AM

Награда од 1.200 евра годишно за одење на работа со велосипед

Сè повеќе европски земји им плаќаат на своите граѓани да одат на работа со велосипед, нудејќи им за возврат зголемен дел од платата што нема да се оданочува. Ова е практика која веќе ја спроведуваат владите на Холандија, Белгија, Велика Британија, Данска и Германија. Дополнителното плаќање на вработените кои одат на работа со велосипед беше иницирано во 2014 година од неколку европски влади, со цел да се намали загадувањето на воздухот и потрошувачката на гориво, но и да се подобри здравјето на луѓето.
Практиката стана попопуларна со пандемијата и во некои земји е наградена со економски стимулации. Најголем дел од програмите се во форма на даночни олеснувања, така што на вработените им се исплаќа дополнителен износ на основната плата, во форма на неоданочен дел.
Белгија го зголеми даночниот поттик за патување до работа на 0,25 евра по километар.
Така, 10-километарскиот пат до работа може да биде дополнителен приход од 1.200 евра годишно. Наградата не ги вклучува здравствените придобивки од секојдневната рекреација при возење велосипед.
Според Светскиот економски форум, слична програма нуди и Холандија, а Обединетото Кралство оди чекор понатаму. Британските велосипедисти на пат до работа добиваат 0,23 евра за километар, а има и стимулативна програма за изнајмување велосипеди, како и можност за купување и попуст на облека и опрема за возење велосипед.
Во случајот на Луксембург, даночното поттикнување е околу 300 евра за купување електричен велосипед за на работа.

извор: Dnevni avaz