Си има Македонија конзул во Њујорк, на пола мандат е и МНР нема намера да го менува – ММС
ММС

Објавено на: 02/17/22 12:28 PM

Си има Македонија конзул во Њујорк, на пола мандат е и МНР нема намера да го менува

Министерството за надворешни работни конечно се огласи по шпекулациите дека местото Генерален конзул во Њујорк, САД ќе го добие телевизиската презентерка Бесмира Ејупи.

“Би сакале да реагираме на бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва. Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи. Во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена“, соопштија од МНР.

Медиумите од вчера шпекулираа со името на 28-годишната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи дека на последната затворена седница на владата на предлог на МНР утврдила да биде нов конзул во Њујорк на местото на актуелниот Јордан Панев.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираа дека постапката за именување генерален конзул на Република Северна Македонија во странство, не е во надлежност на претседателот на државата туку е во надлежност на МНР и Владата, што е регулирано со Законот за надворешни работи.

О.К.

фото: nmk-post.com/