Трошоците растат и при замрзнати цени, инфлацијата за една година скокна за 6,7 отсто – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/22 12:07 PM

Трошоците растат и при замрзнати цени, инфлацијата за една година скокна за 6,7 отсто

Постојаното поскапувањена сите животни намирници, на горивата, парното и струјата, неминовно доведе до раст на инфлацијата во државава. Во јануари годинава, во споредба со истиот месец лани, инфлацијата, односно индексот на трошоци на живот бил зголемен за 6,7 отсто, а цените на мало за 7,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

За една година скокнале најмногу цените на храната и безалкохолните пијалоци за 9,2 отсто, транспортот поскапел за 16,7 отсто, за 5,7 отсто се зголемиле цените на рестораните и хотелите, домување пскапело за 7, а за 3 отсто трошоците за рекреација и култура.

извор: ДЗСЗа еден месец пак, односно јануари годинава во однос на декември, инфлацијата е поголема за 1,5 отсто, а цените на мало за 1,2 отсто. Во овој период се зголемиле цените кафето, чајот и какаото за 4.3 отсто, рибата и морските плодови за 3.5 отсто, свежото и разладеното овошје за 3.4 отсто, пивото
за 2.6 отсто, прехранбените производи за 2.5 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен
компирите и другите коренести плодови за 2.1 отсто, овошјето и зеленчукот за 1.5 отсто, леб, жита, масло и маснотии за 1,2 отсто и друго.
Во јануари, исто така, најголем раст на индексите на трошоците на животот има кај централното греење за домаќинствата за 14 отсто, на електричната енергија за домаќинствата за 9.4 отсто и кај облеката за 9.3 отсто.

Замрзнувањето на цените на некои основни перехранбени продукти, беше мерка на Владата за заштита на стандарот на граѓаните во услови на енергетска криза. Одлуката се донесе лани во декември и требаше да трае до крајот на јануари, па се продолжи до крајот на февруари годинава. Оттаму, симптоматично екако за еден месец, јануари годинава, со лани декември, повторно имало раст на речиси сите цени. Според одлуката, на нивото од ноември лани, Владата ги замрзна цените на: лебот, шеќерот, брашното, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, месото, сувомесните производи, сирењето и урдата.

М.Т