Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила, е заболена со коронавирус. Пред неколку дена и принцот беше позитивен на Ковид-19, а моментално двајцата се наоѓаат во изолација, објави Скај њуз.
Камила (74) примила три дози вакцина против Ковид-19, соопштија кралски извори.
Камила и Чарлс биле во контакт со кралицата Елизабета Втора, но засега таа нема симптоми на коронавирус.
МИА