Во центарот на Скопје тече скрининг тестирањето по случаен избор – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 3:45 PM

Во центарот на Скопје тече скрининг тестирањето по случаен избор

Во центарот на Скопје на улица „Македонија“ во тек е скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава. Целта е да и  се помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки против вирусот.

За серолошката ковид – анализа на граѓани им се земаат примероци крв. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски минатата недела информираше дека вакво тестирање било направено пред една година и тоа покажало дека околу 30 отсто од испитаниците биле серопозитивни, односно имале некаков имунитет, кој се должел исклучиво на прележаната болест.

„Сакаме да имаме јасна слика колку од нашето население го поминале ковидот и врз основа на овие резултати. Според евиденцијата која ја имаме, 41 процент се имунизирани со вакцина. Но,  врз основа на истражувањето, можеби, сме 60 проценти имунизирани на природен начин“, изјави пред неколку денови, министерот за здравство, Беким Сали.