(Видео) „Порнофилмот од Северина најомилен поклон за Валентајн!“ – На љубовта и виното додадете насмевка – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 3:44 PM

(Видео) „Порнофилмот од Северина најомилен поклон за Валентајн!“ – На љубовта и виното додадете насмевка

„Свети Трифун“ или „Свети Валентајн“ прашањето кое секоја година се поставува на 14. Февруари. Јавноста е поделена кој што ќе слави и дали ќе слави. Едни го одбираат „Свети Валентајн“ и ќе ја слават љубовта, други „Свети Трифун“ ќе ги закројат лозјата да бидат плодни и ќе наздрават со чаша вино, а трети пак со чаша вино ќе ја слават љубовта, или љубовта кон виното.

Кој што и да одбере нема да погреши! А доколку денес нема да правите ништо од ова, предлагаме да се насмеете со шеги посветени за овој ден.

Смеењето е лек за се, па така и ако немате пари за вино, или партнер за да ја прославите љубовта, барем смејте се. Тоа не бара пари, не бара друштво, а е добро за здравјето.

Пред да ги претставиме твитовите и вицовите посветени на овие два празника,  најпрвин погледнете го видеото кое е вон конкуренција.

Твитер заедницата секогаш е креативна по поглед на актуелните теми па така и денеска не ја пропуштија можноста да споделат интересни фотографии, видеа и статуси кои ги посветуваат на денот. Еве како Твитер „прославува“.