Пратениците ќе се подноват со нови мобилни- Ќе им платиме речиси 200.000 евра за претплата за две години – ММС
ММС

Објавено на: 02/14/22 10:15 AM

Пратениците ќе се подноват со нови мобилни- Ќе им платиме речиси 200.000 евра за претплата за две години

Пратенците во македонското собрание ќе се подноват со нови мобилни- а претплатата за телефоните македонските граѓани ќе ги чини 192.000 евра за две години или по нешто помалку од 100.000 евра годишно.

Собранието потпиша договор на крајот на јануари годинава со Македонски Телеком кој ќе трае две години. Набавува 270 мобилни линии со неограничени разговори и интернет по цена од 497 денари месечно, најверојатно за собраниските служби. Додека за 120 пратеници пак претплатата е „посолена“- изнесува 1.492 денари или речиси 25 евра месечно.

Покрај неограничени разговори дома и неограничен интернет, пратениицте во пакетот имаат и бесплатни разговори со ограничено времетраење и во интернационални мрежи, СМС пораки, како и роаминг. Покрај ова „Македонски Телеком“ треба да му обезбеди на Собранието и субвенции од 72.000 евра за набавка на нови мобилни за 270-те линии од првиот тарифен модел, и за 120 за тој за тарифниот модел за пратениците.

Последниот договор на Собранието за мобилна телефонија беше пред две години, исто со „Македонски Телеком“ на истата сума од 192.000 евра.

(А.С.)

фото: МИА