Ќе се обидувам да останам бремена се додека тоа не е ризично по моето здравје – Гоца Тржан си ја отвори душата за борбата со потомство – ММС
ММС

Објавено на: 02/13/22 9:45 PM

Ќе се обидувам да останам бремена се додека тоа не е ризично по моето здравје – Гоца Тржан си ја отвори душата за борбата со потомство

Пејачката Гоца Тржан многу пати јавно истакнала дека сака уште еднаш да се оствари како мајка и на сопругот Рашо Новаковиќ да му роди дете, а сега си ја отвори душата на тема борба за потомство која трае со години.

По написите дека се откажала од ин витро оплодување со кое се обидувала неколку пати да остане бремена, Гоца ја откри својата вистина.

Таа рече дека ќе се обидува да добие дете се додека тоа не го загрози нејзиното здравје и дека не е точно дека се откажала од ин витро.

– Апсолутно не е точно. Јас не сум жена која се откажува. Имам пријателка која има 52 години и го роди шестото дете. Се додека тоа не е ризично за мојот живот, јас ќе се обидувам. Кога ќе стане ризично, ќе престанам затоа што имам едно дете кое расте и на кое му требам – изјави Гоца во емисијата Премиера – викенд на телевизија Пинк.

Ова лето Гоца Тржан ќе направи 48 години, има совршена фигура и е во одлична кондиција благодарение на исхраната и редовните тренинзи.

Извор: Mondo