Златан Ибрахимовиќ се прошета по Милано со златното Ферари од 450.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 8:09 PM

Златан Ибрахимовиќ се прошета по Милано со златното Ферари од 450.000 евра

Напаѓачот на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ реши деновиве малку да го „прошета“ својот метален миленик по улиците на Милано. Непотребно е да се каже, тој едноставно не можеше да остане незабележан со златното Ферари SF90 Stradale, со кое се почести лани за роденденот на 3 октомври. Ферарито на Ибрахимовиќ е едно од 499-те од оваа серија во светот. Има дури 986 коњски сили, а специфичен е по тоа што е хибрид. Силата од 769 „коњи“ ја дава бензинскиот турбо мотор, а останатите 217 „коњи“ доаѓаат од три електрични мотори! И да, чини 450.000 евра. Сите примероци се одамна нарачани и резервирани. А што ја прави специфична копијата на Златан? Па, секако златната боја!