Извинете, но немаат права ни етничките Македонци во Бугарија – му врати новинарот на BBC на Петков – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 6:45 PM

Извинете, но немаат права ни етничките Македонци во Бугарија – му врати новинарот на BBC на Петков

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за „Би-би-си“, зборуваше се нерешените проблеми на релација Македонија – Бугарија, историските и оние кои допрва треба да се решаваат. Петков, во оваа прилика ги спомена правата на македонските Бугари, кои според него, не уживаат правна заштита.

-Имаме проблеми, да заборавиме на историските за кои сега се зборува. Постојат други проблеми кои треба да ги решиме, на пример Бугарите во Северна Македонија сѐ уште немаат право на правна заштита“, рече Петков и не успеа да се докаже.
Новинарот Стивен Сакар во емисијата „Хардток“ го прекина, појаснувајќи:
-Извинете, но немаат (права н.з.) ниту етничките Македонци во Бугарија. Всушност, во Европскиот суд за човекови права имаше повеќе случаи на таа основа отколку обратно, на Бугари чии права се повредени во Македонија. Аргументите ви се слаби, му врати Сакар.

Погледнете повеќе во видеото: